Европската фудбалска федерација (УЕФА) ќе го смени домаќинот на финалето во Лигата на шампионите, а официјалната одлука ќе биде објавена денес.
Така, втора година по ред, Истанбул ќе остане без организација на финалето, а ќе се игра на 29 мај во Португалија, односно на стадионот Драгао во Порто.
УЕФА одлучи да го смени домаќинот на последниот натпревар во кој ќе се најдат Манчестер Сити и Челзи, откако Англија ја стави Турција на црвената листа на земји изложени на ризик за своите граѓани за време на пандемијата.
Ова значи дека навивачите, новинарите и играчите ќе мора да бидат ставени во карантин при враќањето од оваа земја, па УЕФА реши да реагира и да го смени домаќинот на финалниот натпревар и со тоа да им олесни на англиските клубови да ги организираат своите патувања.
На крајот беше одлучено овогодинешното финале да се игра во Порто, на стадионот „Драгао“, а официјалната потврда од куќата на европскиот фудбал ќе пристигне денес.
Португалија не е на списоците за забрана во Велика Британија како Турција, така што нема проблеми со финалето на Лигата на шампионите да се игра во оваа земја. По враќањето од Португалија, мора да се направи само тест за коронавирус, но не е потребно да се оди во задолжителен карантин, ако нема позитивни.
Втора година по ред Истанбул остана без организација на финалето во Лигата на шампионите, а ова сигурно нема да им се допадне. Да потсетиме, минатата година системот на натпреварување во Лигата на шампионите беше променет поради пандемија, па последниот турнир се играше во Лисабон.
Истанбул веројатно ќе се најде на списокот за организација на едно од следните финалиња, а каква ќе биде реакцијата на комплетната ситуација во Турција, ќе видиме.
Треба да се напомене дека одреден број навивачи ќе присуствуваат на овој финален натпревар. Двете екипи треба да добијат помеѓу 4.500 и 6.000 билети за своите навивачи.
Главен судија на финалниот натпревар е Шпанецот Антонио Матеу Лахоз.