ФУДБАЛ

Историски момент: Фрапарт е првата жена што суди на натпревар од Лигата на шампионите

Стефани Фрапарт ќе биде првата жена што ќе суди на натпревар од Лигата на шампионите.

Француската судијка ја доби довербата од УЕФА и таа ќе ја дели правдата на мечот помеѓу Јувентус – Динамо Киев во Торино.

Таа веќе стана првиот судија што судеше на натпревар од Француската фудбалска лига за мажи, а минатата година ја делеше и правдата на мечот од Суперкупот на Европа.

Натпреварот Јувентус – Динамо се игра во среда од 21 часот.