Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш е под истрага поради наводите за сексуален напад врз жена во ноќен клуб во Шпанија минатиот декември, објави Врховниот суд во Барселона.
Бразилскиот фудбалер претходно ги негираше сите обвинувања. Во соопштението на судот се наведува дека постапката е отворена „поради жалбата поднесена од жена за наводен сексуален напад што се случил во ноќен клуб во Барселона во декември минатата година“.
Brazil full-back Dani Alves investigated in Spain over alleged sexual assault https://t.co/3vYzoQ88y2
— The Guardian (@guardian) January 10, 2023
Во соопштението не се наведува дека станува збор за Алвеш, но портпаролката на судот потврдила за Ројтерс дека бразилскиот фудбалер е предмет на истрага. Таа изјави дека целиот случај е под истрага, но додаде дека судот нема повеќе информации.
Шпанските медиуми претходно објавија дека една жена го обвинила Алвеш дека ја допирал непримерно и без нејзина согласност, додека била со пријателите во ноќен клуб на крајот на декември минатата година. Портпаролот на Алвеш изјави дека бразилскиот фудбалер „цврсто ги негира“ сите наводи.
Моментално е во Мексико каде игра за Пумас, а неодамна со Бразил играше на Светското првенство во Катар. Алвеш (39) претходно играше за Барселона, Сао Паоло, ПСЖ, Јувентус, Севиља и Баија.
