Аргентински судски службеник најави истрага за да се утврди дали дозволениот број гледачи на стадионот „Ривера Монументал“ беше надминат во неделата на фудбалското „Суперкласико“ помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс.
Имено, во петокот, 1убителите на фудбалот во Аргентина, по 18-месечна забрана поради коронавирус, конечно можеа да одат на стадионите, но со услов да примат барем една доза од вакцината, и дека 50 проценти од капацитетот на трибините да биде исполнет.
Стадионот „Монументал“ може да прими 72.000 гледачи, а аргентинските медиуми тврдат дека биле пополнети повеќе од 50 проценти од капацитетот на трибините, што би изнесувало 36.000.
Така, најпродаваниот дневен весник „Ла Насион“ пишува дека според она што е видено во ТВ преносот, на стадионот имало помеѓу 54.000 и 57.600 гледачи, а спортскиот весник „Оле“ проценува дека имало помеѓу 52.000 и 53.000 гледачи.
Мечот заврши со победа на Ривер Плата 2:1, а двата гола ги постигна Хулијан Алварез (25, 43), додека за Бока, утешен гол постигна Карлос Замбрано (90 + 6). Сепак, треба да се каже дека Бока имаше играч помалку во 16. минута, бидејќи дефанзивецот Маркос Рохо доби два жолти картони.
