Секој навивач, додека го гледа својот фудбалски тим, доживува интензивен физички стрес, кој може да доведе до инфаркт, покажа едно истражување.
Како што пренесува Би-Би-Си, тим од Оксфорд направил истражување испитувајќи ја плунката од бразилски навивачи во текот на историскиот натпревар помеѓу Бразил и Германија на СП во 2014-та година. Истражувачите откриле дека хормонот кортизол драстично „скокнал“ во текот на тој полуфинален меч кој Германија го добила со 7:1.
Ова може да биде опасно бидејќи го зголемува крвниот притисок и го оптоварува срцето. Истражувачите не откриле никакви разлики помеѓу мажите и жените, и покрај верувањето дека мажите се повеќе врзани за своите фудбалски тимови.
Но, има и лек против ова. Како што е соопштено навивачите против овој стрес се борат со гушкање и хумор, со кој го намалуваат стресот.
Докторите предлагаат по мечот на стадионот да се намали нивото на светлиа од рефлекторите и да се пушта смирувачка музика додека навивачите го напуштаат теренот.