Познатиот италијански стручњак Карло Анчелоти со нетрпение го очекува Светското првенство во Катар кое ќе се игра во ноември и декември оваа година.
Италија нема да биде на Мундијалот по шокантниот пораз од Македонија во полуфиналниот меч од плеј-офот, а тренерот на Реал Мадрид најде опција „резерва“.
„На Светското првенство ќе навивам за Канада. Таа не е на Светско првенство неколку години, а ова е мојот втор дом. Освен тоа, претседателот на Канадскиот фудбалски сојуз е од италијанската област Абруцо. Сите ќе навиваме за Канада“, изјави Анчелоти.
Карло Анчелоти исто така е во брак со канадската бизнисменка Маријан Барен МекКлеј од 2014 година.
Ова е прв пат за Канада по 36 години да игра на Светско првенство, по извонредните игри во зоната КОНКАКАФ (Северна и Централна Америка и Карибите) кои се квалификуваа за Светското првенство.
Канаѓаните во Катар ќе играат во група со Белгија, Мароко и Хрватска. Во оваа репрезентација има извонредни играчи предводени од Алфонсо Дејвис од Баерн, додека напаѓачот на Лил Џонатан Дејвид е еден од најдобрите играчи.
Анчелоти има извонредна тренерска кариера, освојувајќи трофеи со Милан и Челзи, а сега прави одлична работа со Реал Мадрид. „Кралевите“ играат полуфинале во Лигата на шампионите, а на повидок се нови титули во Ла Лига.