Според пишувањата на италијанските медиуми, семејството Ал Тани, кое во моментов го поседува фудбалскиот клуб ПСЖ, планира да ги намали вложувањата во Франција и да се пресели во Италија.
Клуб кој би можеле да го купат е Наполи.
Лошата позиција на табелата, лошата амосфера, кавгата со играчите и тренерот Анчелоти, но и според она што се случуваше во минатото, оди во прилог на сето ова и нема да биде ништо чудно доколку Аурелио Де Лаурентис се одлучи да го продаде клубот. Тој во моментов е и сопственик на тимот Бари, кој се натпреварува во Серие Ц.
Цената според италијанските медиуми би била околу 560 милиони евра, а клубот нема долгови.
Наводно Де Лаурентис изгубил интерес повеќе за Наполи, и сака да го врати Бари во елитното друштво каде што играше пред неколку сезони.