Министерството за здравство на Италија соопшти дека се надева дека ќе им овозможи на навивачите да се вратат на стадионите во Серија А во август или септември, но не ја исклучи можноста тоа да се случи во јули, по избледувањето на пандемијата на коронавирус.
Бројот на случаи со „Ковид-19“ рапидно се намалува низ цела Италија, што го натера Министерството на оваа земја значително да ги олесни мерките.
Сега на италијанските граѓани им е дозволено да одат во кина, во театри и на други настани, но да ги почитуваат правилата за оддавање на социјална оддалеченост.
„Знаеме дека фудбалот без навивачи не е ист“, рече заменик-министерот за здравство на Италија, Карло Сибилија.
„Сонувам да ги видам навивачите повторно на стадионите, но мора да бидеме внимателни. Се надевам дека ќе можеме да ги вратиме навивачите на стадионите од август или септември “, додаде тој.
Серија А започнува овој месец да ја комплетира преостанатата половина од сезоната, а преостанатите натпревари ќе се играат без присуство на навивачи на стадионите.