ФУДБАЛ

Италија поради стадионите го губи ЕУРО 2032: УЕФА е подготвена да ги посрамoти како никогаш досега?!

Европското првенство во фудбал 2032 година треба да се одржи во Турција и Италија, но шест години пред почетокот на турнирот постојат огромни проблеми во организацијата. Наводно, УЕФА размислува да ѝ ја одземе на Италија можноста да биде домаќин на големото натпреварување, бидејќи фудбалската инфраструктура во таа земја не е на завидно ниво.

Дека стадионите се стари и не баш репрезентативни веќе добро знаат сите љубители на фудбалот, но кога за тоа ќе проговори првиот човек на УЕФА. Александар Чеферин неодамна се огласи и практично им се закани на Италијанците, кои во моментов имаат само еден стадион подготвен за организација на големо натпреварување!

„Имате фудбалска инфраструктура меѓу најлошите во Европа. Ако стадионите не се реконструираат, Европското првенство 2032 нема да се игра кај вас“, изјави Чеферин.

Одземањето на организацијата на Европското првенство на една од најмоќните земји на континентот, барем од фудбалски аспект, би било уште поголем срам од она што им се случува во последните три циклуси од квалификациите за Светското првенство.

Засега не е познато каква алтернатива би можела да смисли УЕФА, но Италијанците во моментов ни не размислуваат за тоа. Имаат доволно свои проблеми — се занимаваат со стадиони кои со години пропаѓале и бараат начин што побрзо да ги оспособат.

Дополнителен проблем им создава и бирократијата, која го одложува почетокот на работите — а особено загрижува тоа што три стадиони сè уште не се ни започнати со изградба!