ФУДБАЛ

Италија во солзи: Почина поранешниот тренер на Интер

Тажни вести доаѓаат од Италија.

Имено, почина легендарниот италијански тренер Луиџи Симони, кој ги водеше Наполи, Лацио и Интер, на 82-годишна возраст.

Во Апенините пишуваат дека Симони се наоѓал во сериозна состојба во јуни минатата година кога доживеал срцев удар.

Симони е тренер скоро четири децении. Тој водеше многу клубови, а најголем успех забележа со Интер, со кого го освои тогашниот Куп на УЕФА во 1998 година, победувајќи го Лацио во финалето.

Името на Симони не е поврзано со никаква афера, ниту најмалку сомнителен гест кон некого, па затоа не е чудно што веста за неговата смрт ги потресе многумина во Италија.