ФУДБАЛ

Италија во тага, почина уште една фудбалска легенда

Италијанскиот угледен весник „Газета дело спорт“ пренесува дека денеска починал Џанлука Вијали, италијанска фудбалска легенда. Тој имаше 58 години, а починал како последица од карцином на панкреасот, кој му беше откриен во 2017-та година.

Кон крајот на годината бил хоспитализиран во Лондон, бидејќи здравствената состојба му се влошила.

Вијали во својата кариера играше за Кремнонезе, Сампдорија, Јувентус и Челзи.

Ова е втора тажна вест која доаѓа од Италија. Пред новогодишните празници почина легендарниот Синиша Михајловиќ кој боледуваше од леукемија.