Според “Tuttosporta”, Пол Погба ќе се врати во Јувентус.
Францускиот репрезентативец беше светси шампион со Франција во Русија, но новата сезоната со Јунајтед лошо ја започна и неговиот тим претрпе два порази во првите три кола.
Се се зборува за расправијата помеѓу Погба и Мурињо, а медиумите во Италија веруваат дека Французинот е подготвен да се врати во Јувентус, кој сакаат да го вратат.
“Tuttosport” вели дека Погба е решен да се врати во Јувентус и можеме да го видиме французинот во Торино веќе во јануари.
Јуве го доведе Кристијано Роналдо и загреан е за Лигата на шампионите, а со доведување на Погба, Јувентус, без сомнение, би бил еден од главните фаворити за титулата најдобар во Европа.