Според Ил Кореира дело Спорт, но и други релевантни извори во Италија, дуелот помеѓу Рома и Специја ќе биде „натпревар на одлука“ за Пол Фонсека.
Тренерот на Рома може да ја изгуби работата ако не ја добие Специја во сабота.
Поточно, Специја е виновна што португалскиот тренер беше пред отказ, бидејќи пред неколку дена, како аутсајдер, овој тим ја исфрли Рома од Купот на Италија по продолженијата.
Затоа, ако сака да остане тренер на Рома, Фонсека не смее да дозволи Специја повторно да слави на Олимпико во сабота, а неговото отпуштање би било веројатно дури и ако има поделба на бодовите. Значи, ултиматумот – или победа или отпуштање.
Во моментов Масимилијано Алегри се споменува како најголем кандидат за наследник на Фонсека, но во центарот на вниманието се и поранешниот тренер Лучијано Спалети и Маурицио Сари.