Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано е познат по тоа што секогаш јавно зборува за тоа што не му се допаѓа во модерниот фудбал.
Во изјава за BoboTV, Касано не го криеше разочарувањето од играта на италијанските клубови, но и националниот тим. Италијанскиот фудбал го нарече одвратен.
„Италијанскиот фудбал е одвратен. Ви кажувам за фудбалот кој го преферираат Алегри, Капело, па дури и Симеоне во Шпанија“, ја започна приказната Касано за BoboTV и продолжува:
„За наша среќа, овој тип на фудбал изумира насекаде низ светот. Аталанта не спасува како што е филозофијата на играта на Роберт Манчини. Останатите мора многу да напредуваат“, рече Касано.
„Што ми носи Алегри и неговиот фудбал во Јувентус? Се срамиме на меѓународен план“, искрен е овој поранешен фудбалер.
Во својата богата фудбалска кариера, која ја започна во Бари, Антонио Касано настапуваше за сите великани на европскиот фудбал.
По Бари играше за Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер и Парма, а кариерата ја заврши во 2017 година во дресот на Сампдорија.
Секогаш на теренот го носеше епитетот на лошо момче. Јазикот често го чинел, но никогаш не ги повлекувал изговорените зборови.