Италијанскиот министер за спорт го најави враќањето на Серија А, одреден е датум!

Written by

in

Италија е најзагрозената земја во Европа во однос на пандемијата на коронавирус.

Иако Апенините се уште се во вонредна состојба, италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора го најави враќањето на Серија А.

Спадафор изјави дека Серија А ќе се игра од 3 мај, но сè уште не е утврдено дали ќе биде со или без навивачи.

 
„Мислам дека во Серија А може да се игра од 3. мај. Ние ќе одлучиме дали со публиката или дали ќе се затворат стадионите. Ова исто така важи и за меѓународни натпревари како што се Лига Европа и Лига на шампиони“, рече Спадафора.

До крајот на Серија А, останаа 12 кола, плус преостанати четири натпревари. Доколку Италијанците започнаа да играат на 3 мај, тогаш би можеле да ја заврши сезоната пред крајот на јуни, како што беше планирано од УЕФА.