Напаѓачот на Јувентус, Федерико Бернадески најверојатно ќе го напушти тимот во јули како слободен играч, изјави новинарот Николо Скира.
Клубот од Торино на 28-годишниот Италијанец му понуди нов договор на три години со намалување на платата од 30 отсто, што не му одговара на фудбалерот.
Агентот на играчот Федерико Пасторело моментално е во преговори со неколку англиски клубови.
Сезонава Бернадески има 1 гол и 6 асистенции на 24 натпревари за Јувентус.
Напаѓачот има договор со тимот до крајот на јуни 2022 година.