ФУДБАЛ

Италијанските фудбалери ги гледаа пеналите, па се израдуваа кога Босна го победи Велс (ВИДЕО)

Селекцијата на Италија беше подобра од Северна Ирска со 2:0 во полуфиналето од плејофот за пласман на СП. Овој меч беше решен во регуларните 90 минути, па со оглед на тоа дека на мечот Велс-БиХ се играа продолженија, па потоа имаше и пенали, „Аѕурите“ имаа можност да ги гледаат пенал рулетот. Токму на овој меч се решаваше кој ќе биде противникот на Италија. На видеото се гледаат неколку фудбалер, меѓу кои Димарко и Еспозито, па откако Босна го шутираше последниот победнички пенал, сите реагираа задоволно, веројатно сметајќи дека го добија полесниот противник.