ФУДБАЛ

Италијанските клубови ќе имаат цел месец за зимски трансфери

Клубовите во Серија „А“ гласаа за промени во правилата за зимскиот прозорец. Италијанските тимови ќе имаат право да продаваат и купуваат играчи до 31 јануари.

Во текот на летото, трансфер прозорецот се затвори рано, заедно со тој во Премиер Лигата. Рокот за трансфери во зима, исто така, се очекуваше да биде намален на две недели.

Првичниот предлог беше зимските трансфери да започнат на 1-ви јануари и да продолжат до 18-ти јануари, но клубовите ќе имаат право да потпишуваат со играчи во текот на целиот месец.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига