Италија се подготвува за пласман на Европското првенство следното лето.
Италијанците се пласираа преку квалификациите за големото натпреварување, и тоа без пораз. Тимот на Роберто Манчини сигурно ќе биде еден од фаворитите и покрај тоа што направија смена на генерациите пред само една година.
Манчини веќе направи план за пријателски натпревари во март следната година и интересно, тој одби да му дозволи на неговиот тим да отпатува за Катар. ФС Италија можеше да заработи многу пари од два пријателски меча во Катар, но Манчини одби.
Тој рече дека нема никаква корист играчите да патуваат на долг пат, и рече дека сака да игра подготвителни натпревари во Европа. Неодамна беше објавено дека на 31 март Италијанците ќе играат против Германија во Нирнберг.
ФС Италија потврди денеска дека четири дена порано оваа екипа ќе одигра уште еден пријателски натпревар. Ќе биде на 27 март на Вембли против Англија и сигурно пред нас има одличен натпревар.
Азурџиите ќе бидат во групата со Швајцарија, Велс и Турција на Европското, а сите три натпревари во групната фаза ќе се играат во Рим.