Серие А е една од лигите каде ВАР технологијата предизвикува разни контроверзи, а чести се и протестите на екипите поради (не)досудени ситуации. Во италијанското првенство речиси секое коло се зборува за судиските одлуки и не постои екипа која е задоволна од натпреварувачките правила.
Џанлука Роки, поранешен италијански судија кој се пензионираше пред неколку месеци најави воведување на правило кое би можело да ја уништи убавината на фудбалската игра. Имено, сериозно се планира за правилото екипите да имаат право да бараат употреба на ВАР технологијата, нешто слично како „челенџ“ во тенисот.
Замислете дерби во Италија, помеѓу Јувентус и Милан, или Милан и Интер, и во еден момент една од екипите ја стопира играта и бара да се прегледа ситуацијата со ВАР технологија. На што ли ќе личи тој натпревар?