За да се избегне целосен крах на првенството во Италија мора да продолжи да се играат мечевите, па затоа челните луѓе размислуваат за „балон“ нешто слично како што има во НБА лигата, која е успешно завршена.
Сите тимови би заминале во карантин, би се тестирале на секои четири дена, а би излегувале само кога би играле натпревари. На тој начин би се избегнале нови заразувања.
Меѓутоа проблем е што играчите се против тоа. „Балонот“ е одбиен во мај, бидејќи клубовите не го поддржуваат, но свесни се дека првенството мора да продолжи.
Доколку продолжи да расте бројот на заразени помеѓу фудбалерите, се чини дека овој начин е неизбежен.