ФУДБАЛ

Италијанците уште ги „боли“ поразот од Македонија, Буфон вели: Се случи нешто незамисливо!

Италија, иако се актуелни европски шампиони, сепак на СП во Катар нема да играат, а за тоа најголем виновник е макдонската фудбалска репрезентација, која во полуфиналниот бараж славеше како гостин со 0:1, гол постигнат во самиот финиш на мечот. Легендарниот Џанлуиџи Буфон вели дека е тешко да се гледа Мундијалот на ТВ и да не се патува, а за мечот со Македонија изјави дека се случило незамисливото.

-Се случи нешто незамисливо, но тој пораз ве тера да сфатите во која мерка психолошкиот аспект е одлучувачки во спортот. Италијанските играчи веројатно и на тој натпревар влегоа разочарани бидејќи не го заземаа првото место во својата група. Имаа промашен пенал во последните моменти од натпреварот за победа над Швајцарија. Тие негативни аспекти влијаеа за наводно лесната пречка да стане непремостива, вели Буфон.

Според него на овој Мундијал најголеми фаворити се две латиноамерикански држави.

-Аргентина или Бразил. На индивидуално ниво Франција делува како единствена европска репрезентација која може да им парира, но не знам какви се како тим, вели Буфон.