ФУДБАЛ

Ивановиќ на 34 години прави животен трансфер

Мундо Депортиво тврди дека искусниот српски дефанзивец Бранислав Ивановиќ би можел да потпише за Барселона во јануари.

Ивановиќ има 34 години, но Барселона не се грижи за тоа и сака да го ангажира додека Самуел Умтити и Томас Вермален се повредени.

Има некои опции за Барса, но Ивановиќ се смета за идеален. На лето неговиот договор со Зенит истекува и нема да биде скап, тој е искусен и има играно на највисоко ниво, а и денес е многу добар.

Пред две години, Каталонците го сакаа Ивановиќ додека бил член на Челзи, но тогаш одлучил да се врати во Русија.

Тој освои 10 трофеи со Челзи, а за Србија има одиграно 105 натпревари со 13 гола. Трансферот во Барселона би бил шлаг за одличната кариера што ја имал.