ФУДБАЛ

„Изборите се клучни во конечната одлука на Лионел Меси“

Претседателските избори во Барселона се закажани на 24 јануари.

Голем фаворит за победа е Жоан Лапорта, и тој најави дека ќе стори апсолутно сè за да го задржи Лионел Меси во клубот.

“Лео рече дека ќе почека до крајот на сезоната за да донесе одлука и тоа ни дава доволно време да дадеме убедлив предлог, што ќе го убеди да остане. Имам кредибилитет кај Лео, бидејќи тој самиот многу пати ми рече да направам се што ќе кажам да се оствари. Тој знае дека ако ветам нешто, ќе го сторам тоа. Затоа ќе му дадеме на Меси нешто што нема да може да го одбие “, рече Лапорта.

Изборите ќе бидат клучни во одлуката на аргентинскиот волшебник да остане во клубот. Ова го тврди истакнатиот новинар Фабрицио Романо во неговиот подкаст.

“Изборите во Барселона ќе бидат клучни. Лео Меси чека да види кој ќе биде новиот претседател и да види каков проект ќе му биде понуден. Потоа ќе одлучи што да прави со својата кариера”, рече Романо.

Одлуката затоа на крајот ќе биде само на Меси. Тој само во неодамнешното интервју рече дека сака да си замине затоа што клубот немал план за во иднина, а останува да видиме што ќе се случи следното лето.