ФУДБАЛ

Избрана најдобрата постава на Серија А досега

Порталот специјализиран за фудбалската статистика „SofaScore“ ја избра најдобрата постава во Серија А досега во сезоната.

Редот е избран според просечниот рејтинг што до сега ги добија играчите.

Како што се очекуваше, најмногу играчи се од Јувентус и Лацио – по тројца, додека во тимот има двајца играчи на Интер и по еден од Фиорентина, Аталанта и Рома.

Најдобрата постава на Серија А досега:

Шчесни, Квадрадо, Коларов, Ачерби, Де Вриј, Пулгар, Брозовиќ, Роналдо, Иличиќ, Алберто, Имобиле.

 

ПОВРЗАНО

Серија А