Коман повеќе не сака да игра за шампионите во Бундеслигата
Така објави „Ле 10 Спорт“, кој напиша дека Кинглсли Коман не сака да продолжи со Баерн Минхен.
Актуелниот договор на 25-годишниот фудбалер се очекува да истече во 2023 година и германскиот шампион е во преговори за продолжување на неговиот договор.
Но, се чини дека Французинот повеќе не сака да игра во Германија и сака да се пресели во Премиер лигата.
Тимовите на Ливерпул и Манчестер Сити се поврзуваат со неговиот трансфер.