ФУДБАЛ

“Изгледаат како холивудски тим, нема љубов”

Новата сезона на ПСЖ во Лигата на шампионите започна со пораз на Енфилд од Ливерпул (3:2).

ПСЖ прими гол во последните секунди од натпреварот, а поранешниот играч на Арсенал, Мартин Кеон ги критикуваше ПСЖ.

Тој тврди дека играчите на ПСЖ изгледаат како холивудски ѕвезди и дека меѓу нив нема љубов.

“ПСЖ нема единство како тим како Ливерпул, тие изгледаат како холивудски тим. Кога ги гледам, не гледам дека се сакаат едни со други”, рече Кеон и додаде:

“Не гледам дека Нејмар ужива во играта. Видов пркос на Мбапе пред голот, но не го испрати тоа со целосна посветеност. Кога го напуштиа теренот, се виде и физичка исцрпеност”, рече Кеон.

Можноста за прва победа во Лигата на шампионите на ПСЖ ќе биде на 3 октомври, кога ќе ја дочекаат Црвена звезда.