ФУДБАЛ

Изгледот на дресот на Барселона за следната сезона е веќе познат: Промените се значајни (ФОТО)

Барселона следната сезона ќе има навистина феноменален дрес.

Каталонците се враќаат на традиционалните сино -црвени ленти, а Мундо Депортиво ексклузивно го откри изгледот на новиот дрес за следната сезона.

Промените во споредба со оваа сезона се значителни. Барса одлучи да се врати на потемните ленти по кои станаа препознатливи, а Најк им подготви одличен дизајн.

Исто така, претставени се изгледот и резервните варијанти на дресот. Гостинскиот се е жолт, додека третиот дрес е бел со елементи на сина и црвена боја на предниот дел од дресот.

Вака изгледа новиот дрес на каталонскиот великан.

Треба да се напомене дека најверојатно ќе има нов спонзор на дресот. Ракутен одлучи да се тргне како главен спонзор на клубот и ќе видиме кој ќе добие место во дресот на каталонскиот клуб.