ФУДБАЛ

Изјавата на Емери по новиот кикс на Арсенал ќе предизвика само дополнителен гнев кај навивачите

Арсенал денеска повторно не успеа да освои три бода во Премиер Лигата.

Топџиите беа домаќини на Волците на својот терен и по првото полувреме Аубамејанг постигна гол за водство од 1:0, но гостите успеаја да се изедначат преку Хименез во 76. минута за да го постигнат резулатот од 1:1, а домашната екипа не успеа да стигне до вториот гол.

Гостите се заканија на Арсенал, како што покажува статистиката според која испратиле дури 25 удари на гол, од кои 8 минаа во рамките на голот.

Тимот на Унаи Емери, од друга страна, имаше 10 удари на голот, од кои 4 влегоа во рамката, а тренерот на Арсенал по мечот изјави дека резултатот е лош, но дека тактиката е совршена.

„Тоа е лош резултат, но функционираше тактички како што сакавме. Резултатот не беше добар за нас, се обидовме. Не можеме да го наметнеме нашиот план за игра за 90 минути“, рече Шпанецот.

„Кога започнавме со 1-0, беше многу добро време да ја земеме довербата и да ја искористиме за да се обидеме да постигнеме уште еден гол“.

„Навистина, не пропуштивме многу шанси, но натпреварот беше ист за двата тима и ако не го постигнете вториот гол, постои можноста тие да постигнат гол. Реакцијата беше добра, поголем притисок и подобри шанси за постигнување. Но, на крајот, реми не е добар резултат за нас“, заклучи Емери.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига