ФУДБАЛ

Изјавата на Хеунг-мин Сон покажа колкава почит има кон Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо со години е еден од најдобрите фудбалери во светот.

Португалецот за многумина е инспирација и пример, а тоа му се чини на неговиот колега од Тотенхем, репрезентативецот на Јужна Кореја, Хеунг-мин Сон.

Тој во интервју за островските медиуми имаше само пофални зборови за Роналдо.

“Сакам да го запознаам Роналдо и да разговарам со него. Ме интересира начинот на кој успеа да постигне се што постигна во кариерата. Би сакал да ме научи на некои работи во фудбалот”, изјави Сон.

Инаку, Сон и Роналдо само два пати во кариерата имаа можност да се сретнат на теренот.

Во сезоната 2017/18. во групната фаза од Лигата на шампионите, Реал Мадрид ремизираше дома со Тотенхем, а Роналдо го постигна единствениот гол за кралевите, додека Португалецот славеше сезонава со Манчестер Јунајтед на гостувањето кај тимот на Сон со 0:3 во 10. коло од ПЛ , а постинга гол и асистенција.

Можноста за следниот натпревар меѓу овие двајца фудбалери ќе биде на 12 март кога ќе го одиграат натпреварот од 29. коло од Премиер лигата.

Моментално екипите на овие двајца фудбалери се борат за 4. место и пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Тотенхем е шести со 33 бодови, додека Јунајтед е седми со бод помалку, но и два натпревари повеќе од тимот од Лондон.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига