Килијан Мбапе сеуште нема потпишано нов договор со ПСЖ, поради што се повеќе се шпекулира за негово заминување во Реал Мадрид.
Мбапе има договор со Парижаните до крајот на следната сезона и клубот во неколку наврати му нудеше нов договор, но францускиот репрезентативец одби, што предизвика аларм кај лидерот на ПСЖ.
Во претходните недели се повеќе се шпекулираше за неговото заминување од Паркот на Принцовите бидејќи ПСЖ не сака тој да го напушти клубот следното лето без обештетување.
Клубот се надева дека Мбапе ќе се согласи да ја продолжи соработката во наредните недели, а доколку тоа не се случи, ќе бидат принудени да го продадат бидејќи се свесни дека можат да соберат над 150 милиони евра за него.
Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата во ПСЖ се подготвени да реагираат додека клубот го стави на трансфер листата, но денес имаше неочекуван пресврт во оваа ситуација.
Имено, Парижаните денес објавија нов број на клупското списание, во кое имаше интервју во кое учествуваа Нејмар и Мбапе.
Најдобрите играчи на ПСЖ зборуваа за иднината и нивните цели, а изјавата на Мбапе беше во центарот на вниманието кога одговори на прашањето која е неговата главна цел и сон во иднина.
„Мојот најголем сон е да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ и тоа би било навистина фантастично ако се случи“, рече меѓу другото Мбапе.
🔴🔵 @KMbappe 🎙️ " Mon plus grand rêve serait de gagner la Ligue des Champions avec le Paris Saint-Germain, ce serait formidable." Itw croisée Ney/Kylian à retrouver dans le prochain @PSGLeMag. #PSG pic.twitter.com/dGIIkEMZxj
— Paris United (@parisunited75) July 28, 2021
Шпанските медиуми објавија дека оваа изјава сега целосно ја менува ситуацијата бидејќи Мбапе на овој начин покажа дека има желба да остане во ПСЖ и дека би можел да го продолжи договорот во наредниот период.
Мбапе неодамна се врати од одмор и веќе се приклучи на подготовките на Парижаните, и се очекува да биде во конкуренција за Суперкупот на Франција кога ПСЖ ќе игра против Лил во недела.