Рома синоќа го заврши настапот во Купот на Италија.
Волчицата предводена од клупата на прославениот Жозе Мурињо беше поразена со 2-0 на Џузепе Меаца од Интер во четвртфиналето, а Серија А и Конференциската лига на УЕФА се двете преостанати натпреварувања во кои ќе ги гледаме оваа сезона.
Головите за Интер ги постигнаа Един Џеко во првиот дел и Алексис Санчез во вториот дел.
Иако ова е втор пораз на Рома на Мурињо од Интер оваа сезона (прв во Серија А, 0:3 на Оимпико), Португалецот со својата изјава по натпреварот покажа колку е посветен на Интер со кој ги доживеа најубавите моменти во својата тренерска кариера.
“Не можам да го заборавам начинот на кој Марота, Занети, Жанг и Интер ме поздравија. Сите беа љубезни кон мене. Никогаш нема да можам да сокријам дека мојата љубов кон Интер е вечна”, изјави Специјал.
Да потсетиме, Мурињо освои тројна круна со Интер во 2010 година, освојувајќи ја Лигата на шампионите, Серија А и Купот на Италија, а една година пред тоа беше освојувач и на Серија А и на италијанскиот Суперкуп.