ФУДБАЛ

Излез од Мадрид: Четири играчи од Реал Мадрид пристигнуваат во Серија А

Серија А на крајот од минатиот и почетокот на овој милениум беше исполнетa со најголемите фудбалски ѕвезди, и изгледа дека денешните звучни имиња се повеќе носат одлуки за пристигнувањето на Апенините.

Најдобриот пример за ова е Кристијано Роналдо кој минатото лето одлучи да го напушти Реал Мадрид и да потпише за Јувентус. Се чини дека Португалецот нема да биде единствениот што ќе ја замени Шпанија со Италија.

Според извештаите на „Марка“, четири играчи од Реал Мадрид од следното лето својата кариера ќе ја продолжат во Италија.

Кралевите веќе потрошија 300 милиони евра за нови имиња, а секако дека ангажманот на Еден Азар е највозбудлив.

Зинедин Зидан сака повеќе засилувања, а планот е да се соберат пари со продажба на фудбалерите кој се отпишани од францускиот експерт.

Хамес Родригез е многу близу до потпишување за Наполи, кои го сакаат и левиот бек Тео Хернандез, додека играчот од средниот ред Иско и Дани Кебалос се наоѓаат на страната на Милан.

Маркос Љоренте денес се согласи да се пресели во Атлетико Мадрид, а во Кралскиот клуб сметаат на заработка од продажбата на Раул де Томас и Матео Ковачиќ.

Целта е да се продаде Герет Бејл, но велшанецот нема намера да го напушти шпанскиот главен град, барем сега засега. Тој има договор до 2022 година, а неодамна изјави дека повеќе би сакал “да игра голф” отколку да го напушти Реал.

ПОВРЗАНО

Серија А