Најдобрата македонска тенисерка со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови (7:5 и 6:0) за 62 минути. На трибините имаше голем број нашинци, кои и дадоа голема поддршка. Ечеше од трибините „Македонија, Македонија“, но и добро познатата навивачка химна „Излези момче право на тераса“.
Излези момче право на тераса ечеше на Австралија опен, Ѓорчевска со голема поддршка од нашинците (ВИДЕО)
