Играчот за врска на белгиската репрезентација, Кевин де Бруин, беше прогласен за најдобар играч на натпреварот од првото коло од групната фаза на Светското првенство во Катар. Сепак, фудбалерот на Манчестер Сити не смета дека тој бил најзаслужен за победата на неговиот тим над Канада од 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше напаѓачот на Фенербахче, Миши Батшуаји. Голманот на Белгија, Тибо Куртоа, претходно во 11. минута му го одбрани пеналот на Дејвис и во голема мера му овозможи победа на својот тим.
„Мислам дека не одиграв одличен натпревар. Не знам зошто ја добив оваа награда. Можеби поради неговото име“, изјави играчот од средниот ред на Манчестер Сити и најдобар играч во Премиер лигата за претходната сезона.
Тоа беше 95. натпревар за Де Брујн во дресот со националниот амблем, а досега за Белгија има постигнато 25 гола.
Во недела Белгијците ќе се сретнат со Мароко, селекција која претходно во средата ремизираше 0:0 со светскиот вицешампион Хрватска.
Kevin De Bruyne on being named player of the match:
"I don't think I played a great game. I don't know why I got the trophy. Maybe it's because of my name." pic.twitter.com/JLvhOo3Iiz
— B/R Football (@brfootball) November 23, 2022