ФУДБАЛ

Изненадувачки купување на Баерн во Шпанија

Баерн ја заврши сезоната во Германија супериорно освојувајќи двојната круна, а во август ќе брзаат кон Лигата на шампионите во Лисабон.

Според извештаите на угледниот Кикер, Баерн би можел да реализира нешто изненадувачки трансфер од Шпанија. Баварците го сакаат Диего Карлос на Севиља.

Бразилскиот стопер има 27 години, во тековната сезона одигра 34 натпревари со два постигнати гола, а во Минхен го гледаат како идеален за ротација.

Карлос пристигна во Севиља минатото лето од Нант за 15 милиони евра, а познавајќи ги Андалузијците, преговорите со нив воопшто нема да бидат лесни.

Патем, Бразилецот е во Европа од 2014 година, кога пристигна во Есторил. Нант му плати само 1,5 милиони евра пред четири години за потоа да го продаде за десет пати повеќе од сумата.