ФУДБАЛ

Изненадувачки расплет на кариерата на Артур Видал

Чилеанскиот фудбалер Артуро Видал може да ја напушти Барселона во јануари.

Според „Corriere dello Sport“, Јувентус сака Видал да го види во своите редови и ќе се обиде да го донесе уште во јануари.

Ако дојде до договор, Видал ќе се врати во редовите на „Бјанконерите“, за кој играше од 2011 до 2015 година.

Чилеанецот не е задоволен во Барселона. Не добива премногу простор за игра кај Ернесто Валверде и, наводно, веќе размислува за напуштање, иако е во клубот само неколку месеци.

Понудата на Ториновиот гигант доаѓа во вистинско време. Тој сигурно ќе размислува за тоа, но и Барселона.

Видал, освен за Барса и Јувентус, исто така играше за Баерн Минхен, Баер Леверкузен и Коло Коло.