Медиумите во Италија објавија дека Милан може да добие изненадувачко засилување во средниот ред.
Во претходните недели многу фудбалери беа доведени во врска со „росонерите“, а судејќи според најновите информации од Апенините, на списокот со желби на Стефано Пиоли се наоѓа и Џеф Хендрик.
Тој е фудбалер од Република Ирска чиј договор со Барнли истекува на крајот на сезоната, а во Милано сакаат да го искористат тоа и да го доведат на „Сан Сиро“ бесплатно.
„Милан „го фрли окото“ на Хендрик уште пред пандемијата на коронавирусот и преговорите повторно се интензивираа“, известуваат Италијанците.
Во Барнли, од друга страна, тие се надеваат дека нема да го загубат Хендрик и веќе му понудија нов, побогат, договор во меѓувреме. Останува да се види што ќе одлучи 28-годишниот фудбалер.