Навивачите на Јувентус не се навикнати нивниот омилен клуб да губи, особено во Италија. Клубот од Торино го претрпе својот прв пораз од Лацио минатата ноќ, 3-1.
Римскиот и торинскиот клуб одиграа навистина одличен натпревар на „Олимпико“, чии трибини беа доста полни.
Како најпопуларен клуб на Апенините, „Старата дама“ имаше и огромна поддршка, чии навивачи разочарани го напуштија стадионот.
Во моментот кога Лацио го постигна третиот гол, камерите фатија еден фан на Јувентус, прашувајќи се што се случува.

Последен пат од Лацио, Бјанконерите загубија во 2003 година, поради што оваа реакција на навивачката на „Стара дама“ можеби не е изненадувачка.