ФУДБАЛ

Извлечени четвртфиналните двојки за фудбалскиот Куп на Македонија

По денешната ждрепка познати се двојките за четвртфиналната фаза од фудбалскиот Куп на Македонија.

Најмногу внимание привлекува пресметката на актуелниот и поранешниот шампион Шкупи и Шкендија.

Двојки за четвртфиналето:

СилексВардар
Македонија ЃП – Академија Пандев
Шкупи – Шкендија
Струга ТЛ – Брегалница.

Натпреварите ќе се играат на 9 ноември.

Трофејот од минатата сезона го брани Македонија ЃП.

ПОВРЗАНО

ВардарШкендијаАкадемија ПандевСилексБрегалницаШкупиСтругаГоран Пандев