Познати се двојките за полуфиналната фаза во англискиот ФА Купот. Челзи го доби условно речено најлесниот противник, тимот на Саутемптон, додека другиот пар е многу атрактивен.
Двојки за полуфиналето во ФА Купот:
Челзи – Саутемптон,
Тотенхем – Манчестер Јунајтед.
Полуфиналните средби се закажани за 21 и 22 април.
Натпреварите ќе се играат на „Вембли“ во Лондон, исто како и дуелот за трофејот.