ФУДБАЛ

Ја навредуваа ѕвездата на Реал, сега е најавено дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата

Во дербито од шестото коло на Примера, Реал Мадрид синоќа победи со 1:2 кај Атлетико.

 

Еден од главните играчи на Реал во оваа победа повторно беше Винисиус Јуниор кој асистираше за првиот гол, но овој меч ќе му остане во сеќавање за многуте навреди кои ги доби.

 

Впрочем, и Ла Лига се огласи и ги осуди овие испади. Ова е нивната изјава:

„Ги осудуваме сите инциденти кои се случуваат внатре и надвор од стадионот. Соработуваме со клубовите за да го направиме фудбалот забавен и пријателски.

 

Говорот на омраза нема место во Ла Лига и ќе работиме со властите и клубовите за да ги идентификуваме одговорните и да ги изведеме пред лицето на правдата. Не прифаќаме никакво навредливо однесување кон играчите, каква било форма на расизам“.

 

Инаку, Винисиус Жуниор со својот карактеристичен танц му „направи проблем“ на еден играч на Атлетико Мадрид, а тоа беше Куња.

Имено, објавено е видео од тунелот Метрополитано на кое се гледа како бразилскиот напаѓач ги поздравува сонародниците од Реал Мадрид, но направи потег кој навивачите на Атлетико нема лесно да му го простат.

 

Кога го виде Винисиус како доаѓа кон него, Куња реши да танцува со него, поради што го навлече гневот на навивачите на Атлетико, иако тоа секако не го очекуваше.

 

Многумина го критикуваа што го направил тоа и рекоа дека на тој начин го понижил капитенот Коке, кој има јасен став за танцувањето на Винисиус, но Куња се обиде да најде оправдување по натпреварот.

ПОВРЗАНО

Ла Лига