ФУДБАЛ

Ја обележа Серија А: Балотели го постигна првиот гол во 2010 и 2020 година

Марио Балотели денеска постигна гол за Бреша против Лацио.

Голот на Балотели му донесе водство на домашната екипа, но двата гола на Имобиле, еден од пенал и еден на самиот крај во судиското надополнување на Лацио му донесоја победа и нови 3 бода.

И интересно, Балотели повторно ја отвори годината во Серија А со својот гол, како што направи во 2010 година.

На 10 јануари како играч на Интер ја затресе мрежата на Киева. Во 10 години помеѓу тоа време и денес играше во Манчестер Сити, Милан, Ливерпул и неговата кариера ја одбележаа бројни контроверзии.

Лацио по победата има 39 бода, и се ноаѓа на третата позиција си заостанување од 3 бода зад Интер и Јуве кои имаат по 42 бода.

Бреша се наоѓа на 18 позиција со 14 бода.

ПОВРЗАНО

Серија А