ФУДБАЛ

Ја почнал кариерата во истиот клуб како Меси, Аргентинецот Торес во нападот на Вардар!

Аргентинецот Хоакин Торес ќе биде ново засилување за Вардар. Актуелниот лидер на табелата остана без Мато, кој се пресели во Хартс, па Торес треба да биде неговата замена. 28 годишниот напаѓач во моментов е слободен играч и како таков доаѓа во Скопје. Информацијата ја потврди првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски, за одредени медиуми, кој притоа додаде дека Торес во понеделник треба да се приклучи на тимот.

Од она што може да се пронајде за Хоакин Торес по спортските сајтови е дека кариерата ја почнал во младите категории Њуелс Олд Бојс, а играл и за првиот тим, потоа играл за грчки Волос, па Монтреал Канада, па за Филаделфија од САД, Универсидат Католика во Чиле, а последен негов клуб бил бразилски Амазонас.

ПОВРЗАНО

Вардар