Француската фудбалска федерација го суспендираше фудбалерот на Ница, Јусеф Атал (27) на седум натпревари бидејќи објавил антисемитски статус на социјалните мрежи. Атал брзо ја избриша објавата и клубот објави дека го суспендира до понатамошно известување. Станува збор за алжирскиот репрезентативец кој настапува на позицијата десен бек. Играше за Кортријк и веќе пет години е во Ница.
Ниту бришењето на објавата не му помогна на алжирскиот Атал. Казната ќе ја отслужи почнувајќи од 31 октомври, а се соочува и со клупска парична казна. Атал отворено застана на страната на Палестина и го сподели видеото на Инстаграм. Навивачите веднаш го нападнаа, а по тоа реагираше и француската федерација.
