ФУДБАЛ

Ја покажа добрата страна: Мурињо воодушеви навивач кој синоќа доживеа срцев удар на Олимпијадата

Рома синоќа на Олимпико ја совлада Специја со 2-0 во 17. коло од Серија А.

Самата игра и резултатот остана во сенка на ситуација од трибините од 30. минута од натпреварот.

„Curva Sud“ одеднаш замолкна. Големата радост по голот Смолинг се претвори во молк, се поради речиси трагичниот настан.

Имено, на еден од навивачите на Рома му се слошило, по што добил срцев удар, но лекарите со брза реакција успеале да му го спасат животот.

По неколку обиди за реанимација со дефибрилатор, несреќниот навивач бил оживеан и веднаш префрлен во блиската болница.

„Кориере дело спорт“ денеска објави дека тренерот на Рома, Жозе Мурињо е подготвен на оригинален начин да му даде поддршка на несреќниот навивач.

„За овој случај дознав дури по натпреварот. Се надевам дека се ќе биде во ред со тој навивач. Тој може да ми ја испрати својата адреса. Ќе му ја дадам мојата јакна за да може да ја облече следниот пат кога ќе дојде на стадион во оваа ладно“, изјави Португалецот.

Навистина прекрасен гест на „Специјалниот“.

Да потсетиме, Рома следниот натпревар го игра за четири дена кога ќе гостува кај Аталанта.

 

ПОВРЗАНО

Серија А