ФУДБАЛ

Ја преплашил сопругата додека спиеле: „Ме слушна како ги кажувам имињата на моите фудбалери додека спиев“

Работата на фудбалски тренер не е воопшто едноставна бидејќи е неверојатно под колкав притисок поминуваат тренерите во текот на една сезона.

Работата на тренерот е можеби најтешката во светот на фудбалот, бидејќи речиси и да нема време за одмор, а во текот на сезоната притисокот што го имаат тренерите е навистина неверојатен.

Тоа се однесува на подготовка на натпревари, скаутирање на противниците, но и подготовка на нивните играчи за сите предизвици кои доаѓаат. Еден загубен натпревар може да промени се, бидејќи на крајот тренерот е најголемиот виновник за секој неуспех.

Тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман најдобро го објасни притисокот, кој откри дека постојано размислува за фудбалот и неговиот тим и дека по неколку тешки натпревари тоа се гледа кај него.

Во интервју за „Билд“, Нагелсман откри дека зборува додека спие, а неговата сопруга му кажала што најчесто слушала во тие ситуации.

„Оваа работа е многу стресна и напорна. Понекогаш после натпревар додека спијам почнувам да ги кажувам имињата на моите играчи. Мојата сопруга веќе неколку пати ми го кажа тоа. Ја будам затоа што гласно ги кажувам имињата на играчите и не може да верува дека го правам тоа додека спијам“, рече Нагелсман.

Тренерот на Баерн откри дека тоа почнало да се случува уште додека бил на почетокот на својата тренерска кариера бидејќи работата ја сфатил многу сериозно и размислувал само за фудбалот.