ФУДБАЛ

Ја воодушевија цела Италија: Фудбалерите на Парма се откажуваа од својата априлска плата

Клубовите во Серија А едвај чекаат дозвола да започнат со тренинзи за продолжување на сезоната.

Серија А беше прекината пред повеќе од еден месец, како резултат на пандемија на коронавирус, а најлошата состојба во Италија е во последните неколку недели, што се однесува до ширењето на оваа инфекција. Сè уште е нејасно кога фудбалот ќе продолжи на Апенините, но се повеќе и повеќе оптимистички информации доаѓаат од ден на ден.

Клубовите најверојатно ќе започнат со тренинзи на 4 мај, а првенството би можело да продолжи подоцна истиот месец. Јасно е дека скоро сите клубови се многу финансиски погодени од оваа ситуација, но играчите покажаа големо срце бидејќи се откажаа од голем дел од својата плата.

Но, потег што ја воодушеви италијанската јавност го направија играчите на Парма. Поточно, клубот денеска објави дека играчите и персоналот се откажале од платите за април за да ги покријат трошоците за другите вработени.

На тој начин никој во Парма не мора да се отпушта, што е секако одлична вест. Клубот верува дека сезоната ќе продолжи следниот месец, и дека играчите ќе бидат наградени за овој потег.

ПОВРЗАНО

Серија А