Томислав Јагуриновски нема да игра против Холандија покажаа анализите на неговата повреда на мечот против Норвешка. Информациите од стручниот штаб на Македонија велат дека повредата на Јагуриновски не е наивна како што се мислеше. Од тие причини селекторот Кире Лазарв повика нов ракометар, а тоа е Давид Савревски.
Мечот против Холандија се игра утре со почеток во 18:00 часот.
