Легендарниот Јаја Туре наскоро би можел да го видиме на клупата на првиот тим на Тотенхем.
Медиумите на Островот пренесуваат дека Јаја Туре следната сезона би можел да му биде асистент на Конте на клупата на лондонскиот тим, но во исто време би го предводел и младинскиот тим на Тотенхем.
Туре веќе работеше како асистент во првиот тим. Имаше ангажмани во Олимпик од Доњецк и Ахмат од Грозни.
Се зборуваше дека Туре би можел да биде и на клупата на Олимпијакос, чиј дрес го носеше од 2005 до 2006 година, но Тотенхем очекува подобра понуда.
Се уште е неизвесно дали лондонскиот тим следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а многу ќе биде појасно во четврток кога ќе го одиграат преостанатиот натпревар од ПЛ против Арсенал, кој им е директен конкурент во борбата за четвртото место во шампионатот.
Јаја Туре ја заврши својата богата играчка кариера надвор од Европа во сезоната 2019/2020. кога го носеше дресот на кинескиот Кингдао Хуанхаи.